„Ѕверско“ деби на Младеновски во Словенија

Љубомир Младеновски неколку години наназад важеше за голем талент во МЗТ Скопје, но откако редовно беше резервен центар без позначителна минутажа, македонскиот репрезентативец реши да си замине и среќата да си ја побара во Словенија, потпишувајќи договор со амбициозниот прволигаш Илирија каде тренер е Саша Дончиќ, таткото на суперѕвездата Лука Дончиќ.

Македонецот веднаш стави до знаење дека не планира да игра епизодна улога и во Словенија како што тоа беше случај во татковината, откако Младеновски имаше извонредно деби во дресот на Илирија на стартот од новата сезона.

Неговиот тим се сретна со Рогашка и по две продолженија беше поразен со резултат 95-98, но македонскиот интернационалец одигра импресивно, реализирајќи 19 поени и 18 скокови со само три промашувања од поле (7/10).

Се вчитува...