Звезда се спаси од пораз, Милано го доби дербито на дното

Иако во неполн состав, кошаркарите на Макаби Тел Авив дадоа сè од себе на вечерашниот натпревар против Црвена звезда. Сепак, „гордоста на Израел“ не можеше да го издржи налетот на екстрамотивираните кошаркари од гостинскиот состав.

Домаќините ја таложеа предноста во текот на целиот натпревар, успеаја да ја пробијат и цврстата одбрана на актуелниот шампион на АБА лигата, но во самиот финиш потфрлија. Звезда заигра далеку подобро и со само една добра четвртина успеа да ја запише единаесеттата победа во оваа сезона со 67-71 (17-16, 17-17, 20-15, 13-23). Најефикасен беше Јовиќ со 14 поени,  Томпсон запиша 10 поени. За Макаби тоа беше Гудлок со 19 поени.Слична игра прикажа и Галатасарај на гости кај Милано. И покрај тоа што во текот на целиот натпревар кошаркарите на турскиот клуб беа во резултатска негатива, во последните десет минути успеаја да изедначат, а потоа и да го свртат резултатот во своја корист. Следеа нови пет минути на изедначена игра, а Милано успеа да ги консолидира своите редови и одново да ја врати предноста. Тајус му подари на гостинот и слободни фрлања, а неколку секунди подоцна резултатот беше запечатен на 92-87 (23-21, 26-18, 22-21, 21-27).

Крунислав Симон со 19 поени и пет асистенции беше најефикасен за италијанскиот клуб, за Галатарарај тоа беше Гулер со 17 поени.

Се вчитува...