Ѕвездата е родена: Лука Дончиќ со 18 години си поигруваше со Летонците (видео)

Големите играчи се познаваат на големи натпревари, а Лука Дончиќ веќе е голем кошаркар… на само 18-годишна возраст.

Кој не верува, нека ги праша летонските кошаркари, кои немаа одговор за асот на Реал Мадрид, кој беше човек на одлука во битка за место во полуфиналето. Дончиќ го заврши натпреварот со 27 поени и девет скокови, неколку погодени тројки во клучните моменти, трасирајќи го патот кон Топ 4 на Словенците.

Погледнете како изгледаше вечерашното маестрално издание на најдобриот млад европски кошаркар.

Се вчитува...