1-1 по 90. минути игра: Јапонија и Хрватска први играат продолженија во Катар

Натпреварот помеѓу Јапонија и Хрватска е првиот во кој патникот во четвртфиналето ќе го добиеме по продолжение откако по регуларниот дел од мечот резултатот гласи 1-1.

Јапонците поведоа преку Маеда во 41. минута од мечот, а Хрватите дојдоа до изедначување преку Перишиќ во 55. минута, а и покрај тоа што двата тима имаа добра шанса да дојдат до водство во продолжението од регуларниот дел, голманите Ливаковиќ и Гонда успеаја да ги одбранат ударите на Ендо и Модриќ.

 

Се вчитува...