Изминатово 22. коло на НовоЛото 7/34 , чие извлекување се одржа на 18.03.2017 година на ТВ Сител, го донесе и петнаесетиот добитник на главната премија од постоењето на НовоЛото 7/34.
Добитникот , ги посети просториите на Државна лотарија , и ни ја раскажа својата среќна приказна. Пензионерот од Тетово е веќе 30 години верен играч на игрите на среќа , а во НовоЛото 7/34, секое коло ги игра истите броеви .
22-рото коло во 2017 година е негово среќно, па му донесе без малку 10 000 000 денари.
Седумката вредна 9.999.040 денари е уплатена во Тетово во продажното место МА-ДЕ-БЕ ДООЕЛ . Среќниот добитник уплатил 8 комбинации на НовоЛото 7/34 или 160 денари. Уплатата е извршена во истиот ден на извлекувањето , а добитна е седмата комбинација од уплатените.
Инаку, оваа седумка е прва во оваа 2017 година , а Фондот за седумка е повторно 6.000.000 денари, сумата која ја гарантира Државна лотарија на Македонија . Не заборавајте да ја играте и дополнителната игра Џокер каде премијата е над 600.000 денари .
ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ЗА ДОБРО !
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА