10 милиони фунти ќе го чини Ливерпул историската титула

Ливерпул ќе треба да исплати над 10 милиони фунти во бонуси за играчите како и дополнителни трошоци на дел од ривалските клубови. Како дополнување на четирите милиони фунти кои клубот ќе ги исплати на тимот, многу играчи имаат и дополнителни клаузули за награда за титула внесени во поновите договори.

Овие клаузули за бонуси имаат поголема вредност за фудбалерите отколку целата предвидена награда што клубот ќе ја исплати на целиот состав.  Дел од бонусите се по 150.000 фунти, но има и такви играчи кои според договорите треба да добијат по 500.000 или по 750.000 фунти.

Ливерпул има и дополнителни трошоци кон клубовите од кои дел од играчите направиле трансфери. Тука се пред се Арсенал, Саутемптон и Чарлтон.

Саутемптон ќе профитира најмногу. Може да добие и до три милиони фунти за трансферите на Вирџил ван Дајк, Садио Мане, Адам Лалана и на Дејан Ловрен. Арсенал треба да добие пари поради трансферот Алекс Окслејд Чембрлен, а Чарлтон ќе се офајди поради трансферите на Ендрју Робертсон и на Џо Гомез.

 

 

Се вчитува...