11-те за кои немаше место меѓу кандидатите за „Златна топка“

„Франс фудбал“ ги објави 30-те номинирани за престижното признание „Златна топка“ за 2018 година. Меѓу нив доминираат играчите на Реал Мадрид, ги има дури осуммина.

На листата се и освојувачите на наградата од последнава деценија, Кристијано Роналдо и Лео Меси кои првпат по подолго време не се главни фаворити. Меѓу претендентите е и добитникот на ФИФА признанието за најдобар, Хрватот Лука Модриќ.

Иако бројката номинирани не е воопшто мала, на листата сепак нема дел од играчите кои оставија голем белег во годината. Токму затоа голем дел од фановите, но и дел од значајните светски медиуми го поставуваат прашањето зошто ги нема Кејлор Навас, Дани Карвахал, Самуел Умтити, Лукас Хернандез, Жорди Алба, Серхио Бускетс, Касемиро, Филипе Кутињо, Иван Перишиќ, Роберт Левандовски и Диего Коста меѓу имињата кандидати за наградата.

 

 

Се вчитува...