Италијанските истражители во текот на истрагата против Николо Фаџоли и Сандро Тонали, откриле дека уште 12 други фудбалери се обложувале на нелегални платформи.
Истрагата тврди дека помеѓу декември 2021 година и октомври 2023 година, Алесандро Флоренци, Николо Заниоло, Матија Перин, Вестон Мекени, Леандро Паредес, Анхел ди Марија, Раул Беланова, Самуеле Ричи, Кристијан Бунајуто, Матео Канчелиери и Јуниор Фирпо играле на илегалната платформа.
Исто така е забележано дека играчите не се обложувале на фудбалски натпревари, туку играле покер и онлајн слотови.
Фаџоли беше суспендиран 7 месеци, со тоа што пет месеци беа заменети со задолжителна терапија во траење од најмалку шест месеци. Тонали отслужи 10 месечна суспензија во 2024 година поради обложување на натпреварите на Милан, каде што играше пред да дојде во Њукасл во летото 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА