Разликата во сумата што ја бара Манчестер Јунајтед и првичната понуда на Интер за Ромелу Лукаку е 13,5 милиони фунти. Италијанскиот клуб испратил понуда од 70 милиони евра кои побарал да ги плати во следните две години. Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио во Лондон го преговарал трансферот, но не успеал во првиот обид.
Новиот тренер на Интер, Антонио Конте силно поскаува Лукаку да биде во неговиот состав, но Јунајтед за Белгиецот бара 83 милиони фунти. Интер сега треба да пресметува дали може да даде повисока понуда.
Лукаку кој е на австралиската турнеја со Јунајтед изрази желба за заминување. Тој на „Олд Трафорд“ од Евертон дојде во 2017 година. Во првата сезона постигна 27 гола, но последнава сезона, особено под водство на Оле Гунар Солскјер ја загуби позицијата и постигна вкупно 15 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА