13-годишна Јапонка е најмладата освојувачка на златен медал на ЛОИ во Токио (ВИДЕО)

13-годишната Јапонка Момџи Нишија е најмладата освојувачка на златен медал на Летните олимписки игри во Токио, откако славеше во финалето во женска конкуренција во скејтбординг.

Јапонката имаше одлични скокови во финалето и успеа да освои вкупно 15.26 поени што беа доволни за златниот медал. Среброто и припадна на Бразилката Рејса Леал која е врсничка со златната Јапонка, додека бронзениот медал го освои втората Јапонка, Фуна Накајама која има 16 години.

 

 

 

Се вчитува...