15 години Бизнис Лига на Македонија со рекордни 30 компании учеснички

Нај елитното аматерско натпреварување во мал фудбал, Бизнис Лигата на Македонија, на 02.10.2024 одржа прес конференција. На самиот прес беа претставени компаниите учеснички, системот на натпреварување, распоредот од есенскиот дел, како и медиумските покровители. Сезоната 2024/2025 е петнаесетта последователна сезона во која Бизнис Лигата на Македонија брои рекорден број на компании, 30 и тоа: Гранит, ЕВН, ЕЛЕМ, ЈСП, Лукоил, Окта, Транском, Нетцетера, Матрикс, A1, Макстил, Тиквеш, Леар, Аптив, Glass, Lux, Кромберг & Шуберт, BestWay Solutions, Макпетрол, Фабрика Карпош, Џонсон Мети, ВДЛ Ван Хоол, Халк Банка, Стопанска Банка, LC Waikiki, Корпа, Атлантик Група, УНИКА, ТАВ, Аџибадем Систина, С.Ц Борис Трајковски.

Што се однесува на самиот систем на натпреварување, ќе се игра во две групи по 15 екипи учеснички, во кои ќе се игра еднокружно (секој со секого), по што следи влез во Супер Лига за екипите кои се од прво до 8-мо место и Прва Лига за екипите кои се од 9-то до 15-то место. Во овие две групи ќе се вкрстат екипите кои не играле меѓу себе, со што по бодувањето ќе го добиеме шампионот, практично во две лиги: Супер Лига и Прва Лига.

Оваа сезона, Роса вода ќе биде дел од Бизнис Лигата. Таа ќе има за задача да ги освежува натпреварувачите. Свое обраќање имаа и проект менаџерите на лигата, Младен Ѓуроски и Филип Николовски. Тие на компаниите им посакаа пред сè фер плеј игра, успешна сезона исполнета со многу забава, и како секогаш, да победи подобриот. На пресот се обрати и директорот на С.Ц. Борис Трајковски, Даниел Апостолоски, кој го потврди континуитетот на соработката помеѓу Бизнис Лигата и Спортскиот Центар.

 

Се вчитува...