15 годишната пливачка Миа Блажевска – Еминова е нашата претставничка на Летните олимписки игри во Токио! Во Белград, Миа на олимпискиот квалификациски турнир, на 100 метри – слободно, постигна време од 57.13 секунди, резултат со кој го стекна правото да ја претставува Македонија на Летните олимписки игри во Токио.
Ова е одличен резултат и за Миа, но и за нашата држава како учесник на Летните олимписки игри во Токио!
Инаку, во машка конкуренција, најблиску до вајлд-картата за ЛОИ во Токио е Филип Дерковски, кој на Европското првенство (ЕП) во трката на 400 метри оствари резултат од 4.04,10 минути за 732 ФИБА-бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА