Тажна вест ја потресе фудбалската јавност во Македонија, откако дојде веста дека младиот талент на ГФК Охрид, Анастас Каровски, трагично го загуби животот на само 16 години.
Фудбалскиот клуб Охрид преку социјалните мрежи се прости од својот млад фудбалер искажувајќи болка и жалење за прерано згаснатиот живот.
Неофицијално се потврдува дека Анастас е жртвата во трагичната сообраќајна несреќа која се случила на патот Охрид – Свети Наум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

