Легендарниот атлетичар, Јусеин Болт остана без еден рекорд откако неговиот сонардоник, 16-годишниот Ники Брамвел на Карибските игри за атлетичари до 17 години истрча време од 47.26 секунди на 400 метри.
Рекордот кој досега беше во сопственост на Болт со време од 47.33 секунди беше поставен во 2002 година.
„Неверојатно е чувството да поставиш нов рекорд. Го „бркам“ истиот од претходното лето и навистина е прекрасно чувството што стигнав до него“, изјави младиот Јамајканец по трката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА