17-годишната Андреева не успеа до финале на Ролан Гарос: Италијанката Паолини ќе игра против Швјонтек

Италијанската тенисерка Јасмин Паолини ќе игра во финалето против Ига Швјонтек во финалето на Ролан Гарос.

17-годишната Русинка Мира Андреева не успеа да дојде до ново изненадување на Отвореното првенство во Франција, доживувајќи пораз во полуфиналето од Паолини во два сета. Италијанката, која е 12-та носителка на Ролан Гарос, славеше лесно со 6-3 и 6-1 по само нешто повеќе од еден час игра.

Финалето меѓу Швјонтек и Паолини во Париз се игра во сабота.

Се вчитува...