17-годишник му донесе победа на Лацио против Монца (ВИДЕО)

Лука Ромеро, 17-годишниот фудбалер на Лацио е херој на римскиот тим, откако ја донесе победата за својот тим над Монца. Младиот играч од Аргентина постигна гол во 69. минута откако влезе во вториот дел, и така придонесе „сино-белите“ да дојдат до трите бода.

Лацио имаше и многу среќа, затоа што во 13. минута на Монца и беше поништен гол поради мал офсајд.

Со оваа победа, Лацио се израмни со Милан на второто место на табелата со 30 бодови, и ја продолжи одличната игра во Серија „А“, стигнувајќи до деветиот триумф од 14 меча.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...