„172 вечно дерби на српскиот фудбал“ не разочара: Северина поцрвене, голеада без победник на „Маракана“ (ВИДЕО)

Неверојатно и крајно тензично „172“ вечно дерби одиграа Црвена звезда и Партизан како дел од 24. коло во Српската прва лига. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Спајиќ во 44. минута. До крајот на првиот дел гостите во судиското надополнување израмнија на 1-1 преку Салдана.

Водство за гостинскиот тим од 1-2 донесе Калулу во 49. минута. Во 67. минута Н’Диаје израмни на 2-2 што на крајот се покажа и конечен резултат. За издвојување е и црвениот картон кој го доби фудбалерот на гостите Ксандер Северина во 74. минута.

Се вчитува...