Светот на тенисот го тресе нов скандал со наместени натпревари. Според француски „Лекип“, надлежните органи истражуваат 375 натпревари одиграни во периодот од февруари 2014 до јуни 2018 година, а тие натпревари се поврзани со 181 тенисер.
Се вели дека главен човек на операцијата е 32-годишниот Григор Саргасјан, познат како „Мајстор“, криминалец со врски со ерменската мафија. Тој е обвинет за поткуп на тенисери и местење натпревари.
Најголем дел од нив се однесуваа на мечеви на тенисери кои се под 200. место на АТП листата, односно оние кои заработуваат далеку помалку од асовите кои се во светскиот врв.
Наводно, на сметките на главните луѓе на операцијата во период од две години поминале вкупно околу осум милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА