Бекот на нашата репрезентација, Војдан Стојановски истакна дека клучен фактор за вчерашната победа е огранизираната дефанзива, која според него фунционираше солидно. Иако не бевме на ниво на задачата во напаѓачки план, Стојановски смета дека репрезентативците ќе проработат во нападот кога ќе биде најпотребно.
„Добро се држевме во одбраната. Бевме цврсти и фокусирани, добро покривавме и се боревме до крајот. Нападот вечерва не нe’ служеше, но ќе се потрудиме нареден пат да ги погодиме тие слободни шутеви. Како за прв натпревар од овој турнир добро е што покажавме напредот онаму каде што е најважно, а тоа е одбраната. Во тимот имаме доста напаѓачи, па не се грижам за реализацијата, кога ќе треба ќе проработи. Секако недостасуваше и свежината на Теодор, но Стајиќ и Костовски ја дадоа сета енергија, па мислам дека добро ја извршија задачата“ – вели Стојановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА