Крајот на сезоната 2023/24 ќе донесе и серија на заминувања од редовите на Арсенал, потврди премиерлигашкиот вицешампион. Најголем дел од нив се младинци за кои нема место во првиот тим па кариерата ќе мораат да ја развиваат надвор од „Емирати“.
Најзвучните имиња меѓу нив се поранешниот португалски репрезентативец Седрик Соарес и репрезентативецот на Египет Мохамед Елнени.
Португалецот кој ја покрива бековската позиција направи трансфер во Арсенал во 2020 година, но не успеа да се наметне во тимот па по бројните позајмици со истекот на договорот заминува од клубот. Ист е и случајот со египетскиот играч за врска кој оваа сезона настапи на само три средби во Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА