Ракометарот на германски Минден и поранешен репрезентативец на Црна Гора, Александар Свитлица е под истрага за шверц со над 200 килограми кокаин! Германското обвинителство го терети 35-годишниот Црногорец дека им помагал на првобвинетите во случајот.
Свитлица кој од 2011 година настапува за Минден бил на сослушување во судот во Хамбург со уште шест други луѓе под обвинение дека е дел од групата која увезла дрога во Германија. Црногорскиот ракометар поминал една ноќ во притвор, но потоа е пуштен на слобода.
„Испораката од над 200 килограми кокаин стигнала во Бремерхавен, а 40 килограми во Хамбург и тука е запленета од полицијата“ – соопшти обвинителот Карстен Ринио за греманските медиуми.
Александар Свитлица во својата ракомена кариера настапуваше за Ловѓен, за шведскиот Гулф, пет години го носеше дресот на Гранољерс од каде во 2011 година се пресели во Минден. За репрезентацијата на Црна Гора има одиграно 30 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА