21 коло Прва лига: Славје на ТФТ во Битола ја отвoра битката за позицијата број два

На две кола пред крајот на регуларниот дел од Првата кошаркарска лига познати се патниците во разигрувањето за титула, но се води интересна битка за конечниот пласман на табелата и предноста од домашен терен.

Големо значење за истото ќе имаат и денешните натпревари во кои силите ќе си ги одмерат Кожув и Гостивар со почеток од 18 часот, односно Пелистер и ТФТ од 20 часот и 30 минути во натпреварот кој воедно ќе го одбележи 21. коло.

Победа на Гостивар му носи и продолжување на трката за третата позиција, додека славје на ТФТ во натпреварот на АБА-лигашите дополнително ќе ја закомпликува ситуацијата и ќе ја отвори битката за втората позиција на табелата во последното коло.

Прволигашката кошарка продолжува в недела со три натпревари во кои ќе се сретнат Еуро Никел и Работнички во „Јасмин“, Куманово и Струмица, како и Чаир 2030 и Академија ФМП во битка за опстанок, а колото ќе биде комплетирано во понеделник со средбата помеѓу Феникс 2010 и МЗТ Скопје.

Се вчитува...