Навивачите и фудбалерите на Тотенхем вчера се простија од „Вајт харт лејн“ на најдобар можен начин, со победа над Манчестер јунајтед од 2-1 и по цели 50 години завршија без пораз на домашен терен во Премиер лигата. Денеска, неполни 24 часа по оваа историска победа започна уривањето на нивниот дом со кој располагаа 118 години, за да може да се ослободи место и да се доврши изградбата на новиот стадион, кој се гради веднаш до стариот терен.
They’re not wasting any time at White Hart Lane… #THFC #TheLaneTheFinale pic.twitter.com/Sf5bMdpvaV
— BBC Sport (@BBCSport) May 15, 2017
Навивачите вчера имаа можност да земат по некој дел од арената за спомен, па заминуваа дома со столчиња и разни предмети. Тотенхем следната сезона ќе ја игра на „Вембли“, па се надеваат дека во сезоната 2018/19 повторно ќе бидат домаќини на свој сопствен стадион.
„Вајт Харт Лејн“ е изграден во 1899 година, собира со 36,284 гледачи, додека новиот стадион ќе располага со 61,599 седишта, што значи дека ќе двојно повеќе љубители на фудбалот, двојно поголема заработка за управат ана клубот од продажба на дневници.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА