24-годишен НФЛ играч почина откако бил прегазен од автомобил за време на тренинг

Квотербекот на Питсбург стилерс Двејн Хаскинс, почина на лице место откако во него удри автомобил за време на тренинг, пренесуваат американските медиуми.

Хескинс беше во Флорида каде што тренираше заедно со првиот квотербек на стилерс Мич Трубиски и ранинбекот Наџи Харис. Засега нема повеќе информации како дошло до несреќата во која животот го загуби младиот спортист.

Неговиот поранешен клуб, Вашингтон Командерс и Питсбург Стилерс се огласија и ја потврдија трагедијата:

„Немам зборови по несреќната смрт на Двејн Хескинс. Веднаш по неговото пристигнување, тој стана дел од нашето семејство и беше еден од најголемите работници и на теренот и во заедницата. Двејн беше одличен соиграч, но исто така и добар пријател на многумина. Срцето ми е скршено“, напиша тренерот на Стилерс, Мајк Томлин.

 

Се вчитува...