Македонскиот прволигаш Работнички го доживеа вториот пораз на пријателските натпревари во Анталија. „Романтичарите“ загубија од Кешла (поранешен Интер Баку), прволигаш од Азербејџан, со 0-1. Стрелец на единствениот погодок на овој натпревар беше Скарлатаке во 32.минута од натпреварот.
Работнички ја имаше првата шанса во десеттата минута, кога Нехар Садики со удар со глава ја погоди гредата од голот на противникот. Кешла дојде во водство во 32.минута со голот на Скарлатаке, а Чарлс Гофри имаше убава можност за израмнување само една минута подоцна. Тој го мина противничкиот голман, ја упати топката кон голот, но сепак дефанзивец на Кешла спаси пред самата гол – линија.
Во второто полувреме, и Марио Станковски имаше одлична шанса за израмнување. Тој излезе сам пред противничкиот голман, се реши да го лобува, но не ја погоди празната мрежа.
РАБОТНИЧКИ – КЕШЛА 0-1 (0-1)
Фудбалски центар во Анталија. Стрелец: Скарлатаке 32′ (Кешла)
РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Крмар, Садики, Красниќи, Асани, Херера, Трајчевски, Велинов, Маркоски, Серџо јуниор, Гофри. Уште играа: Јанков, Митрев, Најдовски, Дурански, Стјепановиќ, Шаркоски, Миовски, Станковски, Лазаров, Петковски.
КЕШЛА: Агајев, Силва, Скарлатаке, Алкасов, Исајев, Амирли, Пардис, Џавадов, Подио, Андре, Ебрима.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА