Одбрани извадоци од книгата за Аиртон Сена, напишана од Оливера Брочиќ
НЕДЕЛА, 1. МАЈ, 07:30 ЧАСОТ
О`Махони по телефон прашува кога треба да дојде во хотел по багажот и да го разбуди својот шеф кој потоа со хеликоптер треба да стигне на патеката, прв на утринската сесија за загревање. Веднаш минува во акција. Никој не знае дали претходната ноќ воопшто спиел, ако се анилизираат случувањата што следат. Најпрво по пат на интерна комуникација на француската телевизија, за која работеше Ален Прост и тој ден известуваше од Имола, на некогашниот тимски колега и непријател на патеката со кој неколку години едвај разговараше, му упати порака:
– Му упатувам порака за добредојде на својот стар пријател Ален Прост. Речете му дека многу ми недостасува.
Длабоко погоден, Прост доаѓа и тие двајцата долго разговараат. Аиртон тогаш му предлага да се основа комисија за сигурност, во која и двајцата би имале удел. Прост прифаќа. Со ист предлог Аиртон потоа излегува и пред Ники Лауда, кој исто така се сложува да помогне. Основачкиот состанок на комисијата треба да се одржи за две недели, пред ГП на Монако.
Во единаесет часот, Аиртон во друштво на Герхард Бергер, кој таа сезона возеше за Ферари, стигнува на брифингот за возачи. Сите со една минута молчење му оддаваат почит на Раценбергер. Почнува дискусијата за претстојната трка и главниот збор го има Аиртон. Најпрво предложува овој пат пејс-возилото да не се користи во кругот за загревање. На претходната трка, на гранпри на Пацификот во Јапонија, пејс-возилото кое инаку служи како „чистач“ на патеката, според зборовиоте на Аиртон било пребавно и гумите на болидите не можеле да се загреат. Бергер се сложи со него, пејс-возилото во Имола да изостане. Истата примедба Аиртон ја имаше за сејфтикар-возилото. Претходниот ден и самиот, по случај на околности, ги тестираше можностите на сејфтикар-возилото, стандардна „опел вектра“, брзајќи да види што се случи со Раценбергер, така што многу добро знаеше што зборува. Веднаш потоа, без многу кеиф, замина во гостинскиот простор на Вилијамс и заедно со Хил детално да им ја објасни патеката свиок по свиок на присутните и да одговори на прашања поврзани со трката. Таа беше искушение и предизвик, затоа што сезоната не му почна многу добро. Извртувањето на домашен терен во Бразил му овозможи пибеда на Михаел Шумахер, исто како и инцидентот на стартот на трата во Јапонија, така што Шумахер пред Имола имаше две победи и дваесет бодови, а Сена ниту еден бод. Беше свесен дека таа раслика не е лесно да се достигне, а наслушна коментари дека ниту овој пат нема да има подобра среќа. Болидот на Шумахер се покажа подобар од „вилијамс FW16B“. И Аиртон и Хил се жалеа дека болидите им се многу нервозни. Понатаму, ФИА таа година ја забрани електрониката за контрола на влечење и активно врзување. Иако се сложи со ФИА дека правилата треба да бидат во функција на покажување на вештината на возачот, Аиртон во едно интервју пред почетокот на сезоната изјави:
-Голема грешка е да се укине електрониката. Ова ќе биде сезона со многу инциденти и мислам дека треба да бидеме среќни ако не се случи нешто навистина сериозно.
На пладне беше време за лесен ручек и концентрација пред трката. Тие моменти инаку ги минуваше на седиштето за возачи во мотордомот читајќи ја својата Библија, но овој пат никој не виде дека постапи како и обично. Во гаражата на Вилијамс дојде половина час подоцна. Бетис Асумсао внимателно го гледаше, нервозна затоа што и изгледаше поинаков отколку обично, без вообичаената одлучност во движењата кога ги затегнува каишите на кацигата и седнува во кокпитот додека останатиоте возачи се уште се подготвуваат. Според зборовите на Бетис, овој пат тој е предолго гологлав, насочен кон победа, но некако забавен, како да ќе си ја заврши работата дисциплинирано, а потоа со задоволство ќе си замина дома.
14:00 ЧАСОТ
На патеката се развлекува гласот на спикерот: Господ, заземете ги своите места. Публиката го задржува здивот. Возачите најпосле се сами во своите машини. Црвено светло, пауза, зелено светло, старт. Тргнува Аиртон, по него Михаел, трет е Герхард Бергер во „ферари“, четврти Дејмон Хил. Следат тимскиот колега на Михаел, Џеј Џеј Лето, на кого веднаш по стартот му застана моторот и тој панично мавта за да ги предупреди останатите возачи. Сите го минуваат одвсет Медро Лами во „лотус“ кој веќе разви брзина и отпозади го удри болидот на „бенетон“, а делчиња се распрскаа на сите страни. Повредени се четири гледачи и еден полизаец.
14.03 ЧАСОТ
Трет круг. Излегува сејфтикар – возилото „опел вектра“ и ја поведува траката. Го следат Аиртон, Шумахер, Бергер, па Хил. Аиртон му мавта на сејфтикар-возилото да забрза, кочниците и гумите се ладат, но кочниците се ладни и на сејфтикар-возилото, па неговиот возач не сака да ризикува. Петти круг. Пит-волот на „вилијамс“ му јавува на Аиртон дека во 14,15 часот повторно ќе почне. Тој го потврдува приемот и тоа е нивниот последен контакт. Шести круг. Аиртон тргнува жестоко, а Шумахер го следи. Влегуваат во Тамбурело. Шумахер гледа како болидот на „вилијамс“ се занишува, летаат искри. Седми круг. Шумахер на истиот дел од патеката повторно го гледа истото кај болидот на „вилијамс“.
14.17 ЧАСОТ
Аиртон влегува во свиокот со 310 км/час. На врвот на свиокот успева да намали на 218 км/час, но ја губи контролата. Оди премногу десно, излетува од патеката, преку тревата директно кон бетонскиот ѕид. Целосниот удар го прима предното десното крило, се кршат тркалата, крилата, спојлерите…кокпитот е неоштетен…Веројатно ќе биде добро…дежурните на излезот од Тамбурело скокаат и трчаат кон Аиртон…од болидот на „вилијамс“ тече крв, наликува на моторно масло…Сид Воткинс онака висок и навален над носилките се помирува со судбината…Потоа раскажуваше:
– Изгледаше рамнодушно. Му ги погледнав зениците и сфатив дека мозкот му е оштетен. Го подигнавме од кокпитот и го спуштивме на земја. Кога тоа го направивме, воздивна. Јас сум атеист, иако во тие мигови ми се чинеше дека неговата душа замина…
Елисите на хеликоптерот креваат прашина…Телевизиските сраниси речиси и да не емитуваат слика. „Би-би-си“ во етер ги испраќа само паничните гласови на Марек Волкер и Џонатан палмер. И останатите радио и ТВ – коментатори прво се обидуваат нешто да кажат, а потоа само молчат. Ален Прост плаче во микрофонот, обидувајќи се на Французите да им ја опише сцената.
Околу патеката и на трибината, тишина. Во хеликоптерот му направија трахеотомија, не се сигурни дека му работи срцето…
14:54 ЧАСОТ
Рестарт на трката. Микеле Алборето оди во пит-стоп, од неговиот „минарди“ излетува тркалото и повредува механичари на „ферари“ и еден од тимот на „лотус“, но за среќа полесно, па трката не е повторно сопрена. Сит возат под тежок психолошки притисок, се чекаат вести. И понатаму има надеж дека ќе се случи чудо. Герхард Бергер, добриот пријател на Аиртон, кому веќе ден претходно му загина сонародникот Раценбергер, не може да издржи. Во седумнаесеттиот круг го паркира своето „ферари“ и заминува право во болница. Подоцна заборуваше како и во тие седумнаесет круга бил толку вон себе што неговиот болид всушност го возел авто-пилот.
Михаел Шумахер веќе нема конкуренција. Вози речиси минура побрзо од Никола Ларини во „ферари“, а во истиот круг со него се само уште Мика Хакинен во „мекларен“ и карл Вендлингер во „заубер“. Дејмон Хил, единствениот преостанат во „вилијамс“ е шести, со еден круг задоцнување.
Околу патеката, притисокот станува неподнослив. Сите нагаѓаат, се шират гласини, болницата Маџора е на директната радио-врска. Публиката едвај некако ја следи трката. Берни Еклстон го повикува Леонардо да Силва во својот мотордом, и пред официјалното објавување, го известува дека неговиот брат е мртов. Само неколку моменти подоцна, Еклстон го повлекува она што го кажа, оправдувајќи се дека не ја разбрал добро својата служба. Дополнително, за ова многу пати му беше замерено, со толкување дека оваа информација ја повлекол поради претпоставката дека таа веднаш ќе стигне до сите учесници и до публиката и дека трката веднаш ќе беше прекината. Имаше коментари дека тој многу повеќе се грижел трката да продолжи и за спонзорите и телевизиските права, отколку за животот на Аиртон. Не само тоа, се зборува дека Еклстон им наложил на докторите во Маџора да го стават Аиртон на апарати за одржување во живот додека не заврши трката. Иако Берни Еклстон е дежурен виновник за се што ќе се случи во Формула 1, добро или лошо, тешко е да се поверува на ваквите обвинувања. Сепак, овде се работи за човек за кого сопствената жена вели дека за него еден ден ќе мора да биде ископан многу голем гроб затоа што во тестаментот сигурно ќе има наведено дека ќе сака да биде закопан во својот прочуен сребрен мотордом,а не во ковчег.
16:20 ЧАСОТ
Шумахер минува прв низ целта, ова е негова трета победа во Формула 1. Електроенцефалограмот на Аиртон покажува мозочна смрт. Според италијанскиот закон, лекарите уклучуваат вештачки гради најмалку дванаесет часа, но попусто. Дочекан е крајот на трката и дури потоа на возачите им е соопштено дека нема веќе надежи. Плаче „бездушниот“ Шумахер, плачат сите. Нема шампањско, нема радост и веселба на подиумот, ниту навивачи кои трчаат на патеката.
19:40 ЧАСОТ
Доктор Марија Тереза Фианрди излегува од одделението за интензивна нега пред зградата на болницата, каде многумина се во исчекување. Таа моли за тишина. Со треперлив глас објавува:
– Во осумнаесет часот и четириесет минути срцето на Аиртон Сена застана. Тој е мртов.
Во истиот момент, на патеката „Енцо и Дино Ферари“ редарите на Тамбурело го чистат белиот прав кој го впиваше горивото, моторното масло и крвта. Се слуша како во далечина се затвораат вратите на камионите, тешко крклаат и моторите. Тажниот циркус мора понатаму. Додека на Имола се спушта вечер, жалосните домаќини и мавтаат на колоната која се влече на запад, кон Монако, кон подобра среќа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА