Кошаркарската Евролига го прогласи Кајл Хајнс, играчот на ЦСКА Москва, за најдобар дефанзивец во актуелната сезона. Неговата неверојатна работа во одбраната не мина незабележано од тренерите на евролигашките клубови кои учествуваат во изборот, па Хајнс стана само третиот играч во евролигашката конкуренција со вакво признание.
Оваа награда, Хајнс ја добива вторпат во последниве три сезони. Во образложението од Евролига стои дека на 26-те натпревари на кои Хајнс бил стартер за ЦСКА Москва, центрите на противничките тимови постигнувале просечно по 6,4 поени. Оваа сезона, Хајнс имаше 1,1 украдена топка по натпревар што за него е личен рекорд. Вкупно забележа 180 блокади на натпреварите во Евролигата и со тоа се проби на четвртото место на вечната листа во ова натпреварување.
ЦСКА Москва е учесник на Ф4 турнирот во Евролигата, во полуфиналето ќе се сретне со Реал Мадрид.
Претходно, Евролига додели две индивидуални признанија. Трофејот „Алонсо Форд“ наменет за најдобриот стрелец во сезоната отиде кај Алексеј Швед од Химки додека признанието “играч во подем“ му припадна на Лука Дончиќ од Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА