Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини признава дека Светското првенство во 1998 година било наместено така што домаќинот Франција и Бразил можеле да се сретнат само во финалето. Французинот кој беше во организацискиот кометет на тој мундијал вели дека било направена мала итрина, како што според него прават и сите организатори на светските првенства.
„Кога го правевме календарот за натпреварите направивме мала итрина. Ако Франција завршеше првоппласирана во групата, а тоа го направеше и Бразил имаше можност овие две репрезентации да се сретнат само во финалето. Не работевме напорно шест години, а потоа да дозволиме да пропуштиме таква прилика. Кога сте домаќин можете да правите такви работи. Мислите ли дека и останатите не го прават тоа? Франција против Бразил во финалето, тоа беше сон за сите“ – вели Платини.
На ждрепката за претстојното Светско првенство во Русија единствено домаќинот беше сместен на позиција А1. На шампионатот во Франција беше поинаку. Фрација беше позиционирана во групата Ц, а Бразил во групата А и со тоа не постоеше можноста да се соочат во дуел кој би бил пред финалето.
Битката за титулата ја донесе токму оваа посакувана пресметка, Франција славеше со 3-0. Во триумфот, два гола постигна Зинедин Зидан, еднаш погоди и Емануел Пети.
Мишел Платини потоа беше претседател на УЕФА од 2007 до 2015 година. Функцијата ја напушти бидејки беше инволвиран во корупцискиот скандал во ФИФА. Доби осумгодишна супензија од ектичкиот комитет на ФИФА кој процени дека постапил неетички кога примил два милиони франци од Сеп Блатер за консултантски услуги една деценија претходно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА