Борусија Дортмунд по триумфот над Манчестер сити славеше на уште еден контролен дуел против силен ривал од Англија, овојпат Ливерпул со резултат 3-1 на мечот што се одигра во Шарлот, САД.
Кристијан Пулишиќ беше човекот на одлука, откако по влегувањето во игра во второто полувреме целосно ја препороди играта на „милионерите“, кои направија резултатски пресврт и стигнаа до тирумф.
Ливерпул поведе со 1-0 со голот на Ван Дајк, по што на стартот од вториот дел двајцата тренери ги променија речиси целите тимови. Во таквата ситуација најдобро се снајде Пулишиќ, кој најпрвин постигна два гола, за потоа во самиот финиш по неговата соло-акција и слабата интервенција на Кариус, Ларсен да ги постави конечните 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА