Засилувањето од 35 милиони фунти по една година си оди од Челси

Челси и ова лето е еден од најактивните клубови на трансфер маркетот трошејќи речиси 200 милиони евра за нови засилувања по мерка на новиот тренер Енцо Марсека. По ангажманот на девет нови фудбалери следат заминувањата, а еден од оние кој е на излезните врати е Нони Мадуеке.

Сега 22-годишниот Англичанец го засили Челси во јануари 2023 година од ПСВ во трансфер вреден 35 милиони евра, но не успеа да се наметне во тимот. Во негова полза не беа ниту повредите па крилниот напаѓач одигра само 46 натпревари за „сините“ досега.

Со пристигнувањето на Педро Нето на „Стемфорд Бриџ“, Мадуеке е прекуброен во тимот па Челси е подготвен да се ослободи од неговите услуги, но за тоа ќе мора да прифати загуба со оглед на тоа што ниту еден клуб не сака да одвои 35 милиони евра за негов ангажман.

Покрај Мадуеке пред излезните врати е и Рахим Стерлиг, искусниот англиски репрезентативец кој ќе остане без своето место доколку Челси го реализира трансферот на Жоао Феликс, пренесуваат англиските медиуми. За негов ангажман сепак постои интерес од Саудиска Арабија.

Се вчитува...