Аларов: Дуелите меѓу Пролет и Бутел секогаш се квалитетни…

Ракометарите на Пролет забележаа пет победи и две реми во досегашните осум кола од Супер-лигата, а скопскиот клуб оди на триумф на денешниот дуел со Бутел во обид да ја оствари посакуваната цел – да го заврши првиот круг од натпреварувањето без ниту еден пораз. Двата тима се со идентични амбиции, пласман во плејофот, но во таборот на Пролет владее оптимизам дека ќе успее да се земе скалпот на градскиот ривал.

„Бутел е силен противник што добро го познаваме и со кого секогаш играме квалитетни и неизвесни натпревари. Играме на домашен терен, што е наша предност, но свесни сме дека за победа ќе мораме да дадеме 100% од своите можности. Клучно ќе биде да одиграме цврста одбрана, од која ќе произлезат и лесни голови на спротивната страна. Нема да биде лесно, но подготвени сме да ја продолжиме успешната серија – порачува пивотот на Пролет, Михаил Аларов.

Мечот меѓу Пролет и Бутел се игра во 19 часот. Претходно, еден час порано во „Автокоманда“ стартува дуелот меѓу Металург и Охрид.

Се вчитува...