Ѓока: Некои играчи мора подобро да ја користат укажаната шанса

Шкендија не успеа да стигне до предност по првиот натпревар од четвртфиналето во Купот на Македонија, ремизирајќи (1-1) со Работнички во Тетово.

„Црвено-црните“ не успеаја до триумф само поради грешката на голманот Захов кој дозволи противникот да израмни….

„Немаме добар резултат, тоа е факт, затоа што натпреварите во Купот се специфични и тие бараат да бидете попрецизни и да се користат сите шанси. Шанса добија некои играчи и мислам дека мора да дадат максимум, да знаат како да се однесуваат на терен и да ја искористат шансата која им се укажува“ – вели шефот на стручниот штаб Ернест Ѓока, притоа дополнувајќи:

„Можевме и до победа но ете примивме погодок по наша грешка. Тоа е дел од фудбалот иако мора да бидеме повнимателни затоа што ете видовме дека последиците се тешки потоа“.

 

 

Се вчитува...