Ракометарите на Пролет со нетрпение го очекуваат последниот натпревар за 2019 година, на домашен терен против Пелистер. Скопскиот клуб е фаворит, а мотив повеќе за избраниците на Матлиески е ремито на првиот меч во Битола (23-23), натпревар на кој Пролет водеше се до последната минута, но на крајот остана без два бода.
„Последните натпревари во една година секогаш се незгодни, но верувам дека ние ќе одговориме на тој предизвик. Добро се подготвуваме во текот на целата седмица и ќе влеземе максимално во дуелот со Пелистер, свесни дека не смееме да се опуштиме. Битолчани ни се должници од првиот натпревар, на кој водевме до последната минута, но на крајот моравме да се задоволиме само со еден бод. Пресудна ќе биде нашата игра во одбраната, противникот е добро анализиран. Верувам во нашиот квалитет, да одиграме квалитетно и со триумф да ставиме печат на годината“ – изјави Доне Мајнов во пресрет на утрешниот натпревар.
Дуелот меѓу Пролет и Пелистер се игра вечерва во 18.30 часот во салата „Македонско Сонце“ во скопската населба Пролет.
Во останатите две средби што денеска се на програмата, Металург 2 ќе го пречека Радовиш (16 часот), додека Охрид ќе биде домаќин на Вардар Јуниор (18 часот).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА