41-годишник ќе брани за Милан на дербито против Јувентус?

Голема возбуда владее во Италија, затоа што во недела ќе биде одиграно дербито меѓу Милан и Јувентус. „Росонерите“ пред овој меч се соочуваат со голем проблем на голманската позиција.

Како што е познато, првиот чувар на мрежата Мајк Мањан доби црвен картон на натпреварот со Џенова, и автоматски нема да може да го чува голот на својот тим. За да бидат проблемите уште поголеми, вториот голман Марко Спортиело го повредил листот на ногата, и ќе мора да паузира десетина дена.

Поради тоа голема е веројатноста на голот на Милан да застане Антонио Миранте кој има 41 година. Последен пат Миранте настапи во април 2021 година, кога беше дел од Рома, а во недела ќе мора да го брани Милан и тоа против една од екипите кои ја напаѓа титулата сезонава.

За потсетување по црвениот картон на Мањан, на голот застана Оливие Жиру поради тоа што Пиоли ги имаше направено сите измени. Французинот успеа да спаси една топка и така да донесе три бода за својот тим.

Се вчитува...