41 поен на Ирвинг во поразот на Далас, Лејкеркс „газат“ кон плеј-оф

Далас останува на една победа зад местата кои водат во плеј-инот на НБА лигата откако загуби со 132-130 по продолжение на гостувањето кај Атланта. Тоа е трет пораз едно по други, а четврт во последните пет натпревари за Маверикс со што тимот е се подалеку од разигрувањето за титула.

Лидер на Далас беше Ирвинг чии 41 поен и 5 скока не помогнаа за победа, додека Лука Дончиќ мечот го заврши со 22 поени, 7 скока и 7 асистенции. Мари беше прво име кај Атланта со 25 поени и 7 скока, а српскиот интернационалец Богдан Богдановиќ броеше до 16 поени.

Лос Анџелес Лејкерс се на добар пат да изборат место директно во разигрувањето за титула откако изминатата вечер ја забележаа третата победа едно по друго совладувајќи го Хјустон на гостински терен со 109-134.

До победа Лејкерс ги предводеше Ентони Дејвис со 40 поени и 9 скока, а Леброн Џејмс оствари трипл-дабл проследен со 18 поени, 11 асистенции и 10 скока. Грин беше прво име кај Хјустон со 24 поени и 7 асистенции.

Во останатите натпревари:

Шарлот – Торонто 108-128
Бруклин – Јута 111-110
Чикаго – Мемфис 128-107
Минесота – Портланд 105-107
Њујорк – Вашингтон 118-109
Орландо – Детроит 128-102
Сакраменто – Сан Антонио 134-142
Оклахома – Феникс 118-128
Кливленд – Индијана 115-105
Милвоки – Филаделфија 117-104
Денвер – Голден Стејт 112-110

Се вчитува...