500 милиони долари за жртвите на докторот монструм

Жртвите на Лари Насар,  кој е под обвинение за злоставување на огромен број гимнастичарки, ќе добијат 500 милиони долари од Мичиген Стејт Универзитетот во чиј тим беше монструозниот доктор. Договорот го објави калифорниска адвокатска фирма која ги застапуваше 332-те жртви на Насар. Тој ги злоставувал девојчињата под покритие на медицински третман. Според официјалните информации договорот не подразбира клаузули за дискреција. Оваа сума не се однесува на обвинувањата за жртвите на други институции каде што работел Насар.

Според адвокатите, 425 милиони долари ќе бидат за жртвите кои досега пријавиле, додека 75 милиони долари ќе бидат наменети за жртви кои ќе се пријават во иднина. Нема детали за тоа како ќе биде распределана доделената сума на жртвите.

„До овој историски договор дојде поради храброста на повеќе од 300 жени и девојки кои имаа храброст да пријават и кои одбија да бидат тивки“ – изјави главниот адвокат во спорот.

Лари Насар повеќе децении работеше во гимнастичкиот тим на Мичиген Универзитетот и многу години неговите жртви негодуваа дека поплаките до другите вработени на универзитетот им биле игнорирани.

Се вчитува...