ФИФА со ултиматум до ПЛ: Фудбалерите мора да бидат пуштени за квалификациите за СП!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) им нареди на сите англиски премиерлигашки клубови дека повеќе нема да им прогледува низ прсти и дека ќе мора да ги пуштат сите репрезентативци за своите национални селекции за две недели, кога ќе почнат подготовките, а потоа и мечевите во септемвриските мундијалски квалификации.

Премиерлигашите во март, поради зголемената зараза посебно во Јужна Америка, одбија да ги пуштат фудбалерите од овој континент, за разлика од европските репрезентативци, поради правилото дека на браќање ќе мора да одат во 14-дневен карантин, а ФИФА го дозволуваше тоа со одлука дека сѐ што е над пет дена карантин се ослободува клубот да го пушти фудбалерот.

Но, во Англија правилото за задолжителен карантин сега е сменето, па врвните спортисти се ослободени од карантин на враќање на Островот, а токму на тоа се повикува ФИФА исега им нареди на премиерлигашите дека нема да имаат попуст, особено што квалификациите есенва влегуваат во завршната фаза во битката за местата на Мундијалот во Катар догодина.

„Правилото кое беше на сила до април 2021 повеќе не е на сила и нема да се применува за септемвриските мундијалски квалификации, како и во октомвриските, а ФИФА ќе продолжи да соработува со конфедерациите и лигите за правилата да важат за сите, иако пандемијата не стивнува. Се надеваме дека фудбалерите нема да имаат проблем да заминат во своите земји за да ги играат тие репрезентативни мечеви и потоа без проблем да се вратат во своите клубови, без никакви рестрикции и ригорозни мерки“, објави ФИФА.

Се вчитува...