Се помала е веројатнота дека Ентони Марсијал ќе остане во Манчестер Јунајтед по крајот на сезоната. Договорот на Французинот истекува во месец јуни, а не постои интерес за продолжување на соработката ниту од англискиот клуб, ниту пак од страна на самиот фудбалер.
Марсијал пристигна на „Олд Трафорд“ од Монако во 2015 година во трансфер вреден 60 милиони евра, но не успеа да ја оправда милионската сума која беше извоена за неговите услуги. Големо влијание за тоа беа честите повреди, поготово повредата на лигаментите пролетта 2021 година поради која пропушти три месеци.
Оваа сезона забележа само 19 настапи, а вкупно во кариера во дресот на „црвените ѓаволи“ одигра 319 натпревари постигнувајќи 90 голови и 48 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА