Алкалоид најуспешен тим на Младинското првенство во шах

Шаховскиот клуб Алкалоид беше најусшен на екипното младинско првенство на Македонија во шах, што минатиот викенд беше одржано во Скопје.

Екипите беа поделени по возрасни категории, при што јуниорите на нашиот најтрофеен шаховски колектив освоија медали во секоја конкуренција каде што настапија.

На крајот, ШК Алкалоид имаше „шест од шест“, односно медал со секоја екипа која беше составена од најмалку четири играчи (плус резерви).

Во конкуренциите каде што имаше повеќе од четири пријавени екипи, беа направени Група А и Група Б, по што по две најуспешни од двете одеа во финалната група и се бореа за медали.

Се вчитува...