Последната желба на Пеле како играч – Меч против Југославија на „Маракана“ во Рио (видео)

Во историјата останува запишано дека Пеле својот последен меч во играчката кариера го одигра против Југославија. Ривалот беше избран од самиот крал на фудбалот, поради атрактивниот фудбал што го играа Југословените во тоа време, добивајќи го прекарот „европски Бразилци“.

Мечот се одигра пред преполната „Маракана“, според бразилските медиуми присутни биле неверојатни 160.000 лица, за да го проследат последниот танц на фудбалскиот виртуоз.

Мечот заврши 2-2, резултатот го отвори Драган Џајиќ со гол во 35. минута, Ривелињо и Жерсон направија резултатски пресврт, пред Јуре Јерковиќ со гол во 70. минута да ја замолкне „Маракана“ во Рио де Жанеиро.

Останува запеметено дека мечот беше прекинат на десет минути пред крајот, кога Пеле го напушти теренот и истрча почесен круг, со солзи во очите.

Се вчитува...