Денеска Динамо Загреб го објави интервјуто на Аријан Адеми, а од него се простија и многу сегашни и поранешни играчи.
Му посака среќа и капитенот на репрезентацијата Стефан Ристовски, кој кажа дека токму Адеми е „виновникот“ што тој е дел од Динамо, и му вети дека ќе се бори исто како што тој се бореше за клубот.
„Ќе се обидам да завршам што побрзо, затоа што ми доажаат многу емоции. Не прекинуваш со фудбалот, туку одиш во Кина. Знаеш колку те сакам, не знам од каде да почнам, се ти зборувам од срце. Не сакам да бидам емотивен затоа што знам што за тебе значи Динамо. Не само тебе, туку на сите нас. Кога ќе го вратам филмот, минале многу легенди, но мислам дека ти си еден Адеми и ќе останеш икона на овој клуб. И кога беше најтешко, ти беше тука. Бев со тебе кога падна на тој допинг и кога го постигна првиот гол после паузата. Минавме многу заедно. Ти посакувам многу среќа и се надевам дека ќе се видиме во репрезентацијата. Ти знаеш колку ми значиш и виновник си што сум дел од овој клуб и што го носам овој дрес. Ти ветувам дека ќе се борам и понатаму и ќе ги бранам боите на овој клуб како тебе“, рече Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА