Партизан или Анадолу Ефес во плеј-ин натпреварите од Евролигата е последното прашање на кое треба да се добие одговор во последното коло од регуларниот дел во најквалитетното европско клупско натпреварување.
А, Партизан се најде во и тоа како незавидна ситуација неговиот пласман во Топ 10 во Евролигата да зависи од најголемиот ривал Црвена Звезда. Анадолу Ефес во последната рунда натпревари на домашен терен ја пречекува Црвена Звезда и со победа дефинитивно ќе си го осигура местото во плеј-ин разигрувањето.
Токму затоа на Партизан му е неопходна победа на црвено-белите сограѓани, иако е јасно дека ќе биде повеќе од тешко затоа што Црвена Звезда никогаш во историјата не славела над Анадолу Ефес. Дополнително на тоа, Партизан секако пред своите навивачи ќе мора да ја победи и Валенсија.
Црвено-белите, покрај за соседите, секако ќе играат и за себе затоа што секој триумф во Евролигата носи 40.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА