Аларм во Јунајтед: Скапото засилување влече незгодна повреда

Манчестер Јунајтед му ја оствари големата желба на Ерик тен Хаг со ангажманот на напаѓачот Расмус Хојлунд кој за 75 милиони евра се пресели на „Олд Трафорд“ од редовите на Аталанта. Данскиот голгетер кој претохдната сезона постигна 16 голови и оствари девет асистенции на 42 одиграни натпревари за италијанскиот клуб доаѓа како засилување на сезоната за 13-кратниот премиерлигашки шампион, но ќе го пропушти стартот на сезоната.

Причината за тоа е повреда на грбот кој го мачи уште од претходната сезона. „Црвените ѓаволи“ беа свесни дека Данецот има проблеми со грбот, но веруваа дека тоа ќе биде експресно санирано. Новите детални прегледи донеле загрижувачка информација за Тен Хаг, кој дефинитивно нема да може да смета на новиот голгетер за стартот на сезоната.

Пропуштањето на првите средби не е толку голем проблем колку стравот дека оваа хронична повреда ќе одземе месеци за целосна рехабилитација. Хојлунд наскоро ќе може да почне со тренинзи, но и натпревари, но став на лекарскиот тим е дека тој нема шанса во следните месеци да игра по два меча неделно, каков што ќе биде распоредот од дуели во Премиер-лигата и Лигата на Шампионите.

Се вчитува...