„76“ ќе ја напуштат Филаделфија

Американските медиуми јавуваат дека се водат преговори за потенцијална промена на локацијата на НБА организација. Станува збор за славните Севнти сиксерси, поранешни шампиони на најсилната лига во светот, кои моментално настапуваат во „Велс Фарго центарот“ во Филаделфија.

Се уште ништо не е договорено, но медиумите од државата Њу Џерси велат дека еден град е заинтересиран да биде домаќин на Сиксерси. Тоа е градот Камден и група финансиери кои се многу сериозни во нивната намера.

Њу Џерси нема НБА тим од 2012 година, кога Њу Џерси Нетс се пресели во Бруклин. Очекувано, ваквата вест предизвика ерупција на негативни критики кај навивачите на Сиксерс, а евентуалното преселување на тимот од Филаделфија во Камден би направило вистински преседан. Покрај преселбата во далеку помал град и помал пазар, за прв пат во историјата на НБА можевме да видиме успешен тим кој ја менува локацијата.

Се вчитува...