Уште една репрезентација стигна до деби-учество на фудбалски мундијал

Уште една репрезентација по Узбекистан обезбеди дебитантски настап на светските фудбалски шампионати, и тоа повторно станува збор за селекција од Азија.

Јордан е репрезентацијата што успеа да испише историја во овој квалификациски циклус, откако синоќа како гостин ја совлада селекцијата на Оман со 0-3. Тоа беше доволно за Јордан да го осигура второто место во групата зад Јужна Кореја, со четири бода предност пред Ирак на едно коло до крајот… и тотална еуфорија во оваа држава која за првпат ќе ги види своите фудбалски херои на најголемото натпреварување.

Покрај домаќините Канада, Мексико и САД, пласман на СП 2026 преку квалификации досега обезбедија уште седум репрезентации: Аргентина, Јапонија, Нов Зеланд, Иран, Узбекистан, Јужна Кореја и Јордан.

Се вчитува...