Барселона го претстави домашниот дрес за новата сезона

Барселона го претстави домашниот дрес за сезоната 2025/26.

Од таборот на „Каталонците“ велат дека новиот дрес го комбинираат наследството со иновацијата, традицијата со иднината.

„Класичните сини и гранатни ленти се реинтерпретирани со нови бои кои внесуваат ритам и енергија, два клучни квалитети на фудбалскиот стил на Барселона. Виолетовата нијанса што дијагонално ги пресекува лентите му дава на дресот чувство на динамичност и забрзување. Тоа е почит кон знамињата на клубот кои се веат на улиците и стадионите на деновите на натпреварите. Тие станаа симбол и локално и глобално“, се вели во соопштението на веб-страницата на Барселона.

Се вчитува...