Димитриевски по враќањето во Валенсија: Немам што да кажам!

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија Столе Димитриевски се најде во центарот на вниманието на медиумите во Шпанија давајќи изјава во Македонија за неговата ситуација во Валенсија.

Голманот кажа дека неговиот конкурент мора да брани затоа што има таков договор меѓу Валенсија и Атлетик Билбао, а тоа наиде на реакции во локалните медиуми.

Веднаш по пристигнувањето во Валенсија, Димитриевски беше нападнат од шпански новинаеи, меѓутоа тој беше резервиран во одговорите.

“Немам што да кажам”, кусо изјави Димитриевски.

Се вчитува...