Женската селекција на прв собир пред настапот на турнирот во Турција

Македонска женска сениорска ракометна репрезентација денеска се собира во Кавадарци, по што ќе замине за Анкара, Турција, каде од 4 до 7 декември ќе настапи на меѓународен пријателски турнир.

На турнирот во Анкара, македонските ракометарки ќе играат против селекциите на домаќинот Турција, Словенија и Словачка, во рамките на подготовка за следните репрезентативни активности.

Собирот денеска го означија легендите на македонскиот ракомет Индира Кастратовиќ и Тања Андреева.

Селекторот Кристијан Грчевски за настапот на овој турнир повика 20 ракометарки.

Се вчитува...