На полувреме од вториот квалификациски натпревар за Евробаскетот 2025, Македонија има предност од 38-47 на гостувањето кај Полска, и тоа без помошта на капитенот Војдан Стојановски кој заработи повреда уште во првата минута и не влезе на теренот до крајот на 20. минута.
Избраниците на Александар Јончевски одиграа одлично прво полувреме во кое по нешто полошиот старт на натпреварот наметнаа целосна контрола. Агреисвната и пожртвувана одбрана долго време ги остави Полјаците без кошеви од поле во првата четвртина, а тандемот Димитријевиќ – Хап блесна во нападот за во два наврати предноста да изнесува 13 поени.
И покрај тоа што го најдоа решението во нападот преку играта во рекетот и ја намалија негативата на едноцифрена, Полјаците засега немаат одбрана за тандемот Димитријевиќ – Хап кои комбинираа 29 поени.
Покрај Димитријевиќ (19 поени, 3 скокови и 3 асистенции) и Хап (10 поени, 5 скокови и 3 асистенции) во листата на стрелци се запишаа и Маслинко и Дамјан Стојановкси со по седум поени и Ѓуроски и Магдевски со по два.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА