Дваесетичетиригодишниот Бразилец на Манчестер Јунајтед, Ентони кој во 2022 година реализираше трансфер од Ајакс вреден 95 милиони евра по вчерашниот полуфинален натпревар во ФА Купот помеѓу неговиот тим и Ковентри со гетикулација ги загрози и своите и противничките навивачи.
Манчестер Јунајтед имаше предност од 3-0 против второлигашот, но успеа да ја прокоцка истата. Ковентри изедначи на 3-3 па патникот во големото финале беше познат по изведување на пенали.
Избраниците на Тен Хаг го добија пенал рулетот со 4-2, а пласманот на „црвените ѓаволи“ во финалето бурно го прослави темпераментниот Ентони кој на навивачите на Ковентри им гестикулираше покривајќи ги ушите додека неговиот капитен Хари Мегваер се ракуваше со противничките фудбалери.
Тоа наиде на големо незадоволство пред се кај навивачите на Манчестер Јунајтед кои на објава на новинарот на „Манчестер Њуз“, Тајрон Маршал остави лавина на критички коментари.
„Срам да му е“, „Него треба прв да го продадеме“, „Јунајтед никогаш ништо нема да постигне со вакви играчи“, „Дали очекувате да покаже класа од некој кој тепа жени“, „Беше 3-0 кога тој влезе на теренот, треба да е засрамен“, се дел од коментарите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА